13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Перински: Неопходно е во фокусот да се младинските организации, бидејќи младите се иднината на секоја држава

Сите ние, и централната и локалните власти имаме одговорност да воспоставиме канали на редовна комуникација со граѓанскиот сектор базирана на искрена доверба и соработка.

‼️Неопходно е во фокусот да се младинските организации, бидејќи младите се иднината на секоја држава, резимирав на денешниот „Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор“ на темата Образование и младинско учество.

Младите луѓе со право одбиваат да бидат само публика. Крајно време е да покажеме дека работите се менуваат, дека имаме искрен однос и дека тие се носители на промените.

Им порачувам на градоначалниците и на членовите на Советите поангажирано да ги креираат младински политики со учество на младите луѓе, да најдат начини да ги анимираат младите, да покажат дека вистински сакаат да ги чујат нивните идеи, дека тие можат да се реализираат.

Само заедно, преку соработка на централната и локалните власти можеме да го активираме највредниот потенцијал на државата, луѓето, младите луѓе на кои сите се повикуваме и истовремено да им создадеме услови за подобар живот, како би се намалил нивниот тренд на исселување.

Ова не е ниту брз ниту лесен процес, но убеден сум дека ако имаат доверба тие, младите, наместо да заминат на неизвесен пат за опстанок надвор, ќе останат овде, дома.

Наша одговорност е и работиме институциите да се во постојана комуникација со граѓаните и да работат заедно со нив и секогаш да бидеме во служба на граѓаните.

поврзани објави

Последни објави