МИЦКОСКИ САКА ДА ПОБЕДИ ГЕРБ НА БОРИСОВ Македонскиот премиер го откри неговиот фаворит на изборите во Бугарија
Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека бугарските граѓани ќе ја изберат најдобрата влада која ќе работи во интересите на бугарските граѓани.
Прашан дали има свој фаворит на изборите во Бугарија кои се закажани за утре, Мицкоски вели дека партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ е партија која е дел од ЕПП, кадешто членува и ВМРО-ДПМНЕ па поради тоа логично е да посака Борисов да биде тој што ќе ја формира Владата.
Бугарските граѓани претпоставувам дека најдобро знаат кого да го изберат и да ги претставува и во бугарскиот Парламент и во идната бугарска Влада. Им посакувам успешни, фер и демократски избори и да ја изберат најдобарата влада којашто мислат дека ќе работи во интерес на бугарските граѓани и која ќе промовира стабилност во регионот и добросоесдски односи. Не би можел да издвојам кој би бил подобар соговорник, но можам да камаж дека со партијата ГЕРБ која што ја води Борко Борисов сме во исто семејство во европската народна партија и логично е да посакам политичка партија која доаѓа од нашето семејство да победи на изборите – рече Мицкоски.