25.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Во стан во Скопје: 30 годишна девојка онесвестена, случајот во полиција пријавен од колешка

Денес околу 7 часот изутрина, Итната медицинска помош во Скопје пријавила дека во стан во населба Илинден во Скопје во безсознание била пронајдена 30-годишната М.М од Крива Паланка по што итно е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

М.М. била пронајдена од нејзина колешка, која се упатила кон нејзиниот дом откако М.М. не одговарала на телефонските повици. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави