9.8 C
Skopje
Saturday, February 22, 2025

Виктор Трпевски е нов советник во Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Програмата е 80 % реализирана, ќе дадам се од себе за што поголем допринес во работењето на Советот!

Почитувани пријатели,
Сакам да ве информирам дека од денес и официјално сум советник во општина Гази Баба од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Чест и задоволство ми е што во наредниот период ќе бидам дел од советот на општина Гази Баба и дел од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Иако остана уште само една година до завршување на мандатот ветувам дека ќе дадам се од себе за што поголем допринес во работењето на Советот и во реализацијата на програмата на градоначалникот Бобан Стефковски која ја ветивме пред граѓаните а за која слободно можам да кажам дека повеќе од 80% е веќе релизирана.
Токму затоа денес општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски станува подобро и поубаво место за живеење.
Стојам на располагање на сите граѓани и ветувам дека функцијата советник ќе ја извршувам често, посветено, одговорно и во интерес на сите граѓани на општина Гази Баба.

поврзани објави

Последни објави