5.8 C
Skopje
Sunday, April 20, 2025

Премиерот до пратениците од СДСМ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно

Тоа што министерката Сања Божиновска е дел од владата е привилегија, бидејќи тоа што таа го има направено на професионален план во енергетиката вие не можете ниту да сонувате. Јас ви гарантирам дека Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно. Нема поголема Македонка, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски.

Мицкоски порача дека АНБ не треба да е тема на јавна расправа туку институциите да ги проверат наводите за Христовски. Во врска со сертификатот по англиски јазик, Мицкоски направи неочекуван потег во Собранието – извади папка во која рече дека се наоѓаат „слични сертификати по англиски јазик од директорите назначени од СДСМ“ и дека тие ќе му ги даде на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Немојте на тоа да правите политика, има институции во државава кои треба да водат сметка, овие сертификати ќе ги дадам на министерот за внатрешни работи.

поврзани објави

Последни објави