8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Македонија доживува инфраструктурен БУМ- за една недела се започнува изградба на два автопати

Во рок од само една недела се започнува изградба на два автопати. Првиот е проектот со кој ќе се патува преку автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево, а вчера се промовираше и големиот проект на патниот правец од Прилеп до Битола кој ќе се прави како дел од коридорот 10д.

Македонија доживува инфраструктурен БУМ

Се интензивираат работите на автопатот Прилеп- Битола кој е дел од Коридорот 10Д. Треба да биде готов за три години, до крајот на 2027 година и да обезбеди економски развој на општините од Југозападниот регион.

Ова при вчерашниот увид на работите го констатираа владините претставници, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајаноски.

На увид беа и претставници на „Бехтел и Енка“ кои ги изведуваат работите и амбасадорката на САД во нашава земја, Кристина Агелер.

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен како се одвиваат работите на теренот.

-Личен момент е да кажам дека сум исклучително задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи коишто во позадина се прават, меѓу кои е и процесот на деминирање, решавање на имотно правни односи, експропријација, целата онаа логистика којашто е вклучена за да овој проект добие конечно вистинско значење, а тоа е дека почнува на терен да се реализира.

logo

Македонија
целосно ќе се промени сликата за Македонија
Македонија доживува инфраструктурен БУМ- за една недела се започнува изградба на два автопати
Автопатот Прилеп-Битола треба да биде готов до крајот на 2027 година. Заедно со експресниот пат Градско-Прилеп кој се гради во три етапи и треба да биде готов за една година, целосно ќе ја промени реалноста во регионот.

03. ноември 2024. @ 10:47
6 мин. читање
Сподели
Facebook
Twitter
Email
Македонија доживува инфраструктурен БУМ- за една недела се започнува изградба на два автопати
Во рок од само една недела се започнува изградба на два автопати. Првиот е проектот со кој ќе се патува преку автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево, а вчера се промовираше и големиот проект на патниот правец од Прилеп до Битола кој ќе се прави како дел од коридорот 10д.

Македонија доживува инфраструктурен БУМ

Се интензивираат работите на автопатот Прилеп- Битола кој е дел од Коридорот 10Д. Треба да биде готов за три години, до крајот на 2027 година и да обезбеди економски развој на општините од Југозападниот регион.

Ова при вчерашниот увид на работите го констатираа владините претставници, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајаноски.

На увид беа и претставници на „Бехтел и Енка“ кои ги изведуваат работите и амбасадорката на САД во нашава земја, Кристина Агелер.

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен како се одвиваат работите на теренот.

-Личен момент е да кажам дека сум исклучително задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи коишто во позадина се прават, меѓу кои е и процесот на деминирање, решавање на имотно правни односи, експропријација, целата онаа логистика којашто е вклучена за да овој проект добие конечно вистинско значење, а тоа е дека почнува на терен да се реализира.

Ова го изјави Мицкоски по извршениот надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.

-Отворен е простор од 8 километри на целата траса, деминиран комплетно, решен имотно правно како што кажа и директорот на ЈПДП, во периодот којшто следи и тие преостанати 350 парцели ќе бидат имотно правно решени, битно е дека ние сме практично пред динамиката којашто ја имаа градежната компанија за да не го кочиме процесот и од она што можев во неформален разговор од одговорните да го слушнеме е дека до отприлика крајот на 2027 година, отприлика 3 години ќе бидат потребни за да ова овдека се заврши, рече премиерот и додаде-

„Така што уште еднаш ја користам оваа прилика од мое лично име да се заблагодарам на сите учесници во овој проект. Би сакал да се заблагодарам и на вработените во ЈПДП, на директорот, на потпретседателот на Владата, министерот за транспорт, да се заблагодарам на сите градоначалници од овој регион, на пратениците коишто ја подржуваат работата на компанијата, на нејзината екселенција амбасадорката Агелер, на вработените во Бехтел и Енка, на Џош којшто континуирано не информира и работи заедно со нас во прогресот на овој проект, на сите вработени во Владата, во министерствата, во институциите коишто помагаат несебично да овој процес еве го доживее ова што денеска ние можеме свечено да го отпочнеме, а тоа е конечно да почнеме на терен да го реализираме тоа што го плаќаат граѓаните преку буџетот. Уште еднаш голема благодарност и до вас медиумите што континуирано ја следите работата на политичарите и ве охрабрувам така да продолжите затоа што само преку вас ние можеме сето она што го правиме за граѓаните да го доближиме поблиску, а тие да ги почувствуваат бенефитите од сето тоа

поврзани објави

Последни објави