7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот му е 5 % а Филипче со Заев се забавува во скап хотел во Дубаи

Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Зоран Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Откако СДСМ, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра. Во време кога Македонија се соочува со сериозни економски и социјални предизвици поради владеењето на СДСМ во изминатите 7 години, а народот мака мачи како да преживее до 1-ви во месецот, Заев и Филипче покажуваат раскалаштено однесување и воопшто не се загрижени за народот и состојбите во државата. Во време кога рејтингот на Филипче е 5% и тоне кон ниво на статистичка грешка, кога дури ни во сопствената СДСМ не знаат кој им е лидер, Филипче се забавува на скапи журки во странство и испраќа погрешна порака и слика во јавноста за приоритетите и вредностите кои треба да ги поседува лидер на партија. Јавноста треба да знае дека на СДСМ и Филипче воопшто не им е грижа за народот и животниот стандард на граѓаните, додека се обидуваат да ја замајуваат јавноста со безсмислени прес конференции“, информираше ВМРО-ДПМНЕ.

Нема јака опозиција со вакви репрезенти, се вели во реакцијата

поврзани објави

Последни објави