Реализираме значајни чекори за подобрување на образовниот процес во Општинското основно училиште “Св. Кирил и Методиј” со реновирање и уредување на просторите кои секојдневно ги користат нашите ученици. Активностите ги спроведуваме со цел да овозможиме попријатна и безбедна средина за учениците и наставниот кадар во нашето училиште.
Во рамките на проектот, внатрешните простории претходно беа целосно пребелени, а сега после 20 години, во тек се активности за нивно боење со акрилна боја која овозможува долготрајна заштита на ѕидовите.
Покрај тоа, уредена е нова сензорна соба, со која за учениците се обезбедени дополнителни услови за подобрена образовна средина. Дополнително, комплетно се реновирани дел од санитарните јазли и една од соблекувалните во спортската сала.
Вкупната вредност на проектот за реновирање и боење на внатрешите простории од училиштето изнесува 599.000 денари. Активностите се дел од нашата долгорочна посветеност за унапредување на образовната инфраструктура и обезбедување на современи услови за учениците.