Започнавме постапка за спроведување на Јавна набавка за зимско одржување на локалните патишта на целата територија на општина Македонска Каменица.
Целта на Јавната набавка е зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот на сите граѓани, без исклучок. Одржувањето и проодноста на локалните патишта и улици е од витално значење за сите наши граѓани, особено за жителите од најкрајните планински населени места, каде движењето значително е отежнато поради обилни врнежи од снег.
Пристапот до домовите на граѓаните, како во урбаната, така и во селските средини, останува приоритетен и клучен сегмент во нашето работење.
Линк до огласот на Јавната набавка која предвидува Набавка и испорака на ризла и сол за зимско одржување на локалните патишта и Чистење на снег и снежни наноси и посипување со сол и ризла на локалните патишта во општина Македонска Каменица за зимска сезона 2024-2025 година:
https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/2a9c4278-6584-4be9-93ae-a18cfb145171/14