Задоволство ми беше денеска да одржам работна средба со градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој раководи со словенечката престолнина безмалку 20 години.
Што содржи визијата на Градот за одржлив развој 2007-2025 година година, како успева Љубљана неколкупати да биде прогласена за најзелена европска метропола, кој беше клучен фактор за да се добие тој примат, како е организиран јавниот превоз и системот за одржување на јавната хигиена, како сите овие области се третираат во Законот за локалната самоуправа и како е извршена поделбата на ингеренциите помеѓу Градот и Општините, беа само дел од темите за кои разговаравме.
Имав можност да се сретнам и со Криштоф Млакар, директорот на јавен холдинг „Љубљана“, во чии рамки функционираат и неколку јавни претпријатија задолжени за одржување на јавната хигиена, водоводната мрежа и јавниот превоз, чиишто приоритети при извршување на активностите ги следат развојните и еколошките насоки дефинирани на национално и локално ниво.
Сметам дека Љубљана е град, одличен пример од регионот чии искуства треба да ги имаме во предвид и искористиме за наши цели и планови за измените на Законот за локална самоуправа, а во функција на нашите граѓани и Општини.
#ЗлаткоПерински
#МакедонијаЗаТебе🇲🇰