Денеска одржав работна средба со новоименуваниот амбасадор на Европската Унија, Михалис Рокас, на кој му честитав за новата функција и посакав добредојде во нашата земја.
Разговаравме за досегашните спроведени реформи во системот на функционирање на локалната самоуправа во насока на исполнување на европските стандарди, како и за имплеметацијата на проектите од ИПА Програмата, финансирана од Европската Унија.
Амбасадорот Рокас, меѓудругото, го информирав за конкретните мерки што ги преземаме за дигитализација на јавните услуги и планираните измени на Законот за локална самоуправа во интерес на пофункционални општини и испорачување на поефикасни услуги на граѓаните согласно европските критериуми.
Ја истакнав нашата посветеност за зајакнување на капацитетите на патот кон евроинтеграциите, а амбасадорот Рокас изрази поддршка за нашите напори и залагања за имплементација на реформите за членство на Македонија во европското семејство.