4.8 C
Skopje
Thursday, December 26, 2024

МАСК ПОСТАВУВА САМО ЕДНО ПРАШАЊЕ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА Милијардерот веднаш ќе препознае дали лажете за вашите способности!

Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск кој ќе биде дел од американската администрација на Доналд Трамп, поставува едно прашање на интервју за работа. Прашањето служи за да ги фати кандидатите кои лажат во својата биографија.

„Кажете ми еден од најтешките проблеми на кои сте работеле и како сте го решиле“, гласи прашањето што тој им го поставува на сите.

Ако кандидатот може да одговори на отвореното прашање на Маск со конкретен и детален одговор, повеќе од веројатно е дека тој ја кажува вистината.

Во спротивно, кандидатот лаже.

Маск го откри прашањето во 2017 година на Светскиот самит на владите.

Три години подоцна, студија објавена во „Journal of Applied Research in Memory and Cognition“ потврди дека неговиот метод навистина може да ги покаже лажговците.

Техниката стручно се нарекува Асиметрично управување со информации.

„Ако дадат подолги, подетални изјави за настанот од интерес, тогаш истражителот ќе може подобро да открие дали ја кажуваат вистината или лажат. За разлика од нив, лажговците сакаат да ја прикријат својата вина“, вели во студијата, Коди Портер, еден од главните автори на истражувањето.

поврзани објави

Последни објави