Заврши реконструкцијата на влезот и дел од училниците во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – проект реализиран со средства од буџетот на Општина Македонска Каменица.
Со активностите за реновирање на влезот, нашето училиште доби нов, модерен и функционален изглед кој соодветствува со потребите на современото образование. Дополнително, со обновување на дел од училниците, обезбедивме поквалитетни услови за реализација на наставата, што претставува чекор кон унапредување на образовниот процес во нашата Општина.
Остануваме посветени на вложувањето во подобри услови за модерно образование. Образование, кое ќе биде основа за подобра иднина на нашите млади генерации.