6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра- историски договор, со историски најниска каматна стапка

Имаме потврда од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат позади овој проект, односно овие 250 милиони евра конечно од понеделник да бидат поделени до оние на кои им е потребно, односно македонското стопанство. Договорена е каматна стапка од 1,95%, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно најави дека ќе соопшти добра вест за македонското стопанство.

-Ценам дека ова е историски договор, со историски најниска каматна стапка. Условите се минимум 20% да има сопствено учество, што значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Ќе имаат можност сите оние компании кои што ќе ги вложат овие средства во основни средства за работа, но и оние кои ќе вложат во обновливи извори на енергија, но и оние кои ќе вложат во објекти кои ќе ги користат како административни објекти, за сопствена потреба, додаде Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/xeDLW5MtYSc?si=IEAXP3pC9UA6_lxU

поврзани објави

Последни објави