Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс преговара за трансфер во насока Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите во Италија. Белгиецот така и не може да постигне договор за нов договор со овој клуб. Неговиот договор истекува во 2018 година и шефовите на неаполитанците му понудиле да го продолжи договорот, добивајќи двојно зголемување на платата, која ќe порасне до 3 милиони евра годишно. Овој предлог, меѓутоа очигледно не го задоволил играчот, кој веќе разгледува други опции за продолжување на кариерата.
Според „Медиасет“ и „Ла Република“, Мертенс веќе води телефонски разговори со претставници на Манчестер Јунајтед. „Медиасет“ дури тврди дека веројатноста да се дојде до сличен трансфер е меѓу 80-90%.
Мертенс ќе наполни 30 години, во мај и по се изгледа дека ова ќе биде последна негова шанса да направи голем трансфер. Освен тоа од „Олд Трафорд“ му понудиле и доста примамлива понуда во однос на финансиите, откако се очекува таму тој да добива по 4,7 милиони по сезона.
Во оваа сезона Мертенс беше преквалификуван од крило во напаѓач и тоа се покажа одлична идеја од страна на тренерот Маурицио Сари. Белгиецот буквално се прероди во својата нова улога и има 25 гола и 11 асистенции во 36 одиграни натпревари во сите натпреварувања. Ако премине во Манчестер Јунајтед сепак се очекува тој да биде вратен на традиционалната позиција на лево крило.