-1.2 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2.000 жители

За да не ги затворат ординациите матичните лекари во населени места до 2000 жители ќе можат да работат без медицинска сестра. Преодното решение кое е договорено помеѓу првите луѓе на Фондот за здравство и Здружението на приватни лекари ќе важи 2 години поради недостигот на средно медицински кадар.

На денешниот состанок разговарале и за дополнителна мотивација од 22.500 денари на докторите кои работат во руралните средини.

Фондот и матичните договориле и формирање на работни групи за зголемување на капитацијата по пациент која сега изнесува 75 денари. Докторите бараат да добиваат по 100 денари, а од ФЗО велат дека ќе ги разгледаат сите можности за повеќе пари, но и за ублажување на дестимулативните мерки и казните, освен за оние кои по втор пат ќе згрешат или ќе издадат неоправдано боледување.

Директорот на ФЗО Сашо Клековски најави дека наредната година конечно ќе се укинат хартиените рецепти и упати кои ги издаваат матичните лекари, а ќе бараат и решение да се намалат административните обврски за да лекарите посветуваат повеќе време на пациентите.

поврзани објави

Последни објави