8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Таравари: Доживеав колапс, итно ме однесоа во болница, благодарам за грижата

Почитувани и исто толку драги,
Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар.

Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.
Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница.

Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.

Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите.
Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас.
Ви благодарам од се срце!
Секогаш ваш!
Арбен

поврзани објави

Последни објави