8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Календар на МПЦ: Утре започнува Божиќниот поста, а се празнуваат и овие светители

Календар на МПЦ: Утре започнува Божиќниот поста, а се празнуваат и овие светители
Курир

Божикен пост

Основата врз која се појавил Божикниот пост бил постот спроти празникот Богојавление, кој во Црквата се празнува од III век, а во IV век бил поделен на празниците Рождество Христово и Крштение Господово. Божикниот пост започнува на 15/28 ноември и трае до 25 декември/7 јануари, односно 40 денови, поради што во Типиконот, како и Великиот пост, се нарекува Четириесетница. По зборовите на блажен Симеон Солунски, „постот на Божикната Четириесетница го изобразува постот на Мојсеј, кој откако постел 40 денови и 40 ноќи, ги добил на камени табли Божјите заповеди. А ние, постејќи 40 денови, го созерцуваме и го примаме живото Слово од Дева, изобразено не на камења, туку воплотено и родено, и се приопштуваме на Неговата Божествена плот“. Божикниот пост е установен за да се очистиме за денот на Рождеството Христово преку покајание, молитва и пост, за со чисто срце, душа и тело да можеме благоговејно да Го сретнеме Божјиот Син, Кој дојде во светот и за Нему да Му го принесеме нашето чисто срце и решеност да го следиме Неговото учење.

Светите маченици Гуриј, Самон и Авив

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и живееја во пост и во молитва, храбрејќи ги правоверните коишто ним им притекнуваа за совет. Но ги фатија и ги изведоа пред судијата. Судијата им се закани со смрт ако не се покорат на царската наредба за поклонување на идолите. Светите Христови маченици му одговорија: „Ако ? се покориме на царската наредба ќе пропаднеме дури и ако ти не н ? убиеш“. После лути маки беа фрлени во затвор, во којшто трпеа глад, темнина и тегобност од 1 август до 10 ноември. Тогаш повторно ги изведоа и ги мачеа, па бидејќи останаа непоколебливи во Христовата вера, беа осудени на смрт и убиени со меч во 322 година, за време на свирепиот цар Ликиниј. Подоцна и едескиот ѓакон Авив прими маки за својот Господ Исус Христос и го предаде духот свој во оган. Мајка му го извади неговото цело тело од огнот и го погреба во гроб заедно со Светите Гуриј и Самон. Кога престана гонењето, христијаните подигнаа храм во чест на тројцата маченици Гуриј, Самон и Авив и ги положија нивните чудтворни мошти во еден ковчег. Од безбројните чуда над моштите на овие прекрасни маченици се издвојува едно. Една вдовица во Едеса имаше ќерка со која се ожени еден Гот, војник на грчката војска. Бидејќи мајката се плашеше да ја даде девојката во далечна земја, тој Гот се заколна на гробот на тројцата маченици дека никакво зло нема да ? направи на нејзината ќерка, но дека ќе ја земе за своја законска жена, бидејќи, рече, е неженет. Всушност тој беше женет. Кога ја одведе девојката во неговата татковина ја држеше како робинка додека не умре неговата законска жена. Тогаш тој, во договор со останатите свои роднини, со мртвата жена ја закопа и својата жива робинка. Робинката им се молеше со плач на Светите маченици да ја спасат. И тие ? се јавија во гробот, ја зедоа и моментално ја пренесоа од Готската земја во Едеса, во својата црква. Утредента кога ја отворија црквата ја најдоа ќерката на онаа вдовица покрај гробот на Божјите светители и дознаа за нејзиното чудесно избавување.

Тропар
Избирајќи живот по вашата вера, наместо виделина од очите телесни, Гурие и Самоне, Бога го прославивте во вашето мачеништво, при вистината останавте и ревност подаривте на Авива ѓаконот. Радувајќи се сега во царството Христово, молете се за нас вие свети маченици, и бидете брзи застапници на оние, кои го повикуваат преку вас Бога Седржителот.

Светите маченици Елпидиј, Маркел и Евстохиј

Пострадаа за Христа во времето на Јулијан Отстапник. Елпидиј беше сенатор. Кога ги видоа маките и чудата на Елпидиј шест илјади незнабожци поверуваа во Господ Исус Христос.

Тропар
Не престанува и денес непријателот очи да покрива и глава да наведнува кога името свето твое, Елпидие, ќе се спомене. Христа Бога ти Го прослави заедно со Маркел и Евстохиј маченички, и, пак и пак, Спасителот Го исповеда добивајќи целив свет кој воскресение во живот покажува. Радувајте се и за нас молете се, вие благодатни рушители на лагата демонска.

Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка

Оваа икона најпрво му се јави на едно девојченце Ана во селото Купјатич во Минската губернија во 1182 година. Чувајќи го стадото Ана виде некоја светлина во шумата. Кога ? се приближи на светлината, на едно дрво виде крст со средна големина со ликот на Пресвета Богородица на него. Ана го зеде тој крст и си го однесе дома, па се врати кај стадото. Но на нејзино големо чудење на истото место таа повторно го виде крстот на дрвото. Го зеде, си го стави под пазува и го однесе дома. Кога сакаше да му го покаже крстот на татко ? и ја завлече раката во пазувата, крстот го немаше. Таа му раскажа с ? на татко ? , па отиде со него, го видоа крстот во шумата и го пренесоа дома. Утредента крстот повторно го немаше во куќата. Го кренаа цело село и сите селани отидоа и му се поклонија на крстот. Набрзо луѓето таму изградија црква. Од тој чудесен крст со иконата на Мајка Божја се пројавуваа многбројни чуда. Таа икона сега се наоѓа во црквата Света Софија во Киев

Тропар

Туѓинец беше на земјата, небесната татковина си ја достигнал, преподобен оче Паисие, на добротољубието подвижниче, верните си ги научил умот кон Бога да го возведуваат, и со срцето кон Него да повикуваат: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!

поврзани објави

Последни објави