6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Перински: Чест ми е што фигурира моето име за градоначалник на Скопје

Чест ми е што фигурира моето име. Почестен сум, иако моите обврски и енергија во моментот се насочени кон извршуавње на министерската функција за којашто сум платен. Никој нема право да го монополизира изборот. Инаку, јас лично сум заинтересиран, но за тоа ќе одлучи партијата и граѓаните, вели во интервјуто за ТВ Алсат Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Тој се осврна и на состојбата во јавниот превоз во Скопје и на работата на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

„Состојба во јавниот превоз е крах, а не криза. Јавниот превоз е актуелна тема не само деновиве, туку во изминативе неколку години. Градоначалничката и раководството треба да се освестат час поскоро. Проблемите само се надополнуваат, а не се решаваат. Ни треба системско решение. И проблемот не е само ЈСП. Не е проблемот на една основа, тој е на сите основи. Влегуваме во зимските месеци, знаме дека ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег кој допрва доаѓа.

Скопје во моментов се бори за живот, очајно му треба инфузија, а потоа терапија. Треба јасна визија, долгорочен план за раст и развој на градот. Владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем. Тоа е само за лекување на рани. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и развој“.

За Арсовска Перински вели дека сака да се прикаже како жртва.

„Арсовска ги жртвуваше граѓаните. Не би рекол дека предуслов е сите да бидеме од иста политичка гарнитура за да функционира системот. Низ годиниве се покажа дека не е така. Ние сега имаме прикажуавање на жртва. Арсовска сакајќи да биде жртва, нè направи нас жртви. Дури ни тоа не ја допира, не чувствува ни грам одговорност, за каква комуникација може да се зборува со човек кој одбива да комуницира со сите, не комуницира со членовите на Советот, ниту со администрацијата, ниту пак со медиумите. Тоа кажува сè. Повеќе од 24 месеци не беше појавена на ниту една седница, па како сакате кооперативност со советничките групи. Треба да покажеме широка визија, најнапред поради граѓаните“, изјави Перински за ТВ Алсат.

поврзани објави

Последни објави