Јапонската флота синоќе се вратила од годинешниот лов на китови на Антарктикот со убиени 333 китови, достигнувајќи ја и оваа година својата цел по предвидената програма како што тврдат за истражувачки цели.
Агенцијата за риболов соопштила дека флотата од пет бродови ја завршила својата четиримесечна експедиција без преголеми проблеми со активистите кој се борат против ловењето на китови.
Иако Јапонија тврди дека китовите ги ловат за научни истражувања, активистите и борци за зачувување на животната средина сметаат дека тоа е само еден добар изговор, бидејќи китовите кој ќе бидат убиени во текот на експедицијата на крајот се продаваат како месо.
Помеѓу 18. и 20. век убиени се повеќе од 90 проценти од светската популација на китови, поради што е комерцијалниот лов на китови е забрани уште од 1986 година. Меѓутоа Јапонија, како и Норвешка, Исланд, Фарските острови ја избегнуваат оваа забрана и отворено и пркосат на китовите.