5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

СДСМ: Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е насилие врз граѓаните и сопствената земја

Единствен непријател на граѓаните на Република Македонија е криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое во обид за сопствен спас сака да ја жртвува иднината на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

„Не е љубов и не е патриотизам да ги погазуваш и да ги уништуваш институциите на државата. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ 10 години, тоа го прават пратениците на Груевски и денес, блокирајќи ги демократските процеси преку блокадата на Парламентот. Не е љубов кон народот, ни патриотизам кон државата да не ја почитуваш мнозинската волја на 700.000 граѓани кои избраа правда и промени. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е насилие врз граѓаните и сопствената земја, саможивност и себичност“, се вели во соопштението од СДСМ.

Според нив, Никола Груевски не е народот, како што не е ни ВМРО-ДПМНЕ.

„Има парламентарно мнозинство составено на демократски начин, има Програма на новата Влада на унитарна Македонија, ќе има и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија, предводена од претседателот Зоран Заев. Неопходен е мирен трансфер на власта. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција“, порачаа од СДСМ.

поврзани објави

Последни објави