Уште пред една деценија руските научници докажаа дека молитвата е лек: Го обновува целиот организам, го намалува стресот и обезбедува сигурност
Според дефиницијата, молитвата е форма на обраќање кон Бога, со воспоставување однос со Бог или со кое било божество, односно божица, бог или богови. А неодамна е докажано дека чудотворните излекувања се поврзни со духовноста се вистините.
Руските научници од Универзитетот во Санкт Петербург материјално докажаа дека чудесните излекувања поврзани со духовноста се вистинити и открија многу физички и ментални промени кои човекот може да ги доживее во моментот на молитва или верскиот обред.
Научниците докажаа дека верникот внесен во молитвата целосно ја исклучува мозочната кора, а тоа значи целосна сигурност и отсуство на стрес.
Молитвата е лек против негативното размислување.
Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и утврдил дека свештениците и монасите кои се молат, целосно ја исклучуваат мозочната кора, а тоа уште е забележано и кај деца од тримесечна возраст кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што стареат луѓето, чувството за сигурност им се намалува сè повеќе, а се зголемува мозочната активност. Активноста се намалува само за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае на луѓето.
„Молитвата е моќен лек кој не само што ги регулира сите процеси во човечкиот организам, туку и ја обновува уништената структура на свеста“, тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психоневрологијата во Санкт Петербург.
Повеќето болести се предизвикани од такви негативни ситуации и ментално потенцираните проблеми кои во текот на молитвата се повлекуваат, па дури и целосно исчезнуваат. Научниците докажале дека по светата литургија и други религиозни церемонии, крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта се нормализираат.
Наводно, докажано е и дека звукот на ѕвончето убива вируси, а светата вода ги менува своите лековити својства во зависност од степенот на верување на верниците, што всушност е само додаток на теоријата за „помнење на водата“.