Во петокот се одигра натпреварот од Бундеслигата меѓу Вецлар и Минден кој заврши со победа за домашниот тим од 26-22. Вецлар за кој настапува и македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски дојде до важни бодови, но она што го одбележа натпреварот а веројатно и сезоната е несекојдневниот автогол на ракометарите на Вецлар.
Еден од најдобриот поединец во составот на Вецлар на овој дуел, е автор на автоголот на годината.
Вецлар се наоѓа на седмото место на табелата во германската лига, со ист број бодови како Лајпциг. Двата тима се на средина на табелата, а до позиција која води во Европа ги делат 11 бодови.
Cuando haces una gran parada pero tu propio compañero te mete gol de la manera más tonta. Esto le pasó ayer al HSG Wetzlar 😅
Posted by Hand Station on Saturday, April 1, 2017