6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Чувар на суфитска џамија усмрти најмалку 20 верници

Чувар на суфитска џамија во градот Саргода во пакистанската провинција Пенџаб, денеска уби најмалку 20 верници, кои дошле на молитва во храмот. Како што јави ДПА, чуварот ги повикувал жртвите во една просторија во џамијата, каде им давал да се напијат опивка, по што ги убивал со мачета или стап. Меѓу убиените има и четири жени.

Веднаш по откривањето на настанот, полицијата го уапсила 50-годишниот чувар на џамијата Абдул Вахид, кој изјавил дека ги убил верниците затоа „што стравувал дека сакаат да го убијат“.

Претставник на локалната полиција изјави дека Вахид имал „психички проблеми“, но нагласи дека не е исклучена можноста да станува збор за настан поттикнат од борбата за контрола врз џамијата.

Покрај Вахид, полицијата приведе уште две други лица, под сомнеж за поврзаност со инцидентот.

поврзани објави

Последни објави