6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Црна Гора ќе плаќа по половина милион евра годишно, за да членува во НАТО

Полноправното членство во НАТО ќе ја чини Црна Гора околу 450 000 евра годишно. Ова го соопшти локалниот Совет за членство во Северноатлантската алијанса. Од таму истакнаа дека не е точна информацијата во медиумите, според која Подгорица ќе треба да дава по 2% од бруто домашниот производ (БДП) по оваа ставка.

Од буџетот на Црна Гора за 2017 година за потребите на одбраната се предвидени околу 50 милиони евра.

“Тоа значи дека придонесот од 450 000 евра е апсолутно достапна и прифатлива”, се наведува во соопштението.

поврзани објави

Последни објави