24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

Нема да има втор круг: Вучиќ со убедлива победа на претседателските избори

Лидерот на владејачката Српска напредна партија и премиер Александар Вучиќ победи на претседателските избори со 58% од гласовите. Ова го покажуваат проектираните резултати на агенцијата „Ипсос“, базирани на обработени 40-проценти од избирачките ливчиња, пренесува Ројтерс.

Тоа значи дека втор круг нема да има. Проевропскиот кандидат Саша Јанковиќ е втор со 14%. Трети останува Лука Максимовиќ, подобро познат под псевдонимот Љубиша Прелетачевиќ Бели со 9,3%. Во денешните избори за шеф на државата учествуваа 11 кандидати. Одѕивот се очекува да биде околу 55 отсто.

Како претседател Вучиќ нема да има многу овластувања, но се очекува да назначи за премиер свој верен сојузник и да располага со реална власт преку контролата врз владејачката партија во земјата, коментира Ројтерс.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави