3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ВИДЕО) Бомбашки напад пред судската зграда во Измир, има загинати

Денес во Измир се случи напад и експлозија пред судската зграда каде животот го загубија две лица, а најмалку 11 се повредени. Полицијата при својата интервенција застрела двајца од напаѓачите, додека по третиот се уште се трага. Според првичните информации, напаѓачите биле членови на Работничката партија на Курдистан.

Турските медиуми пренесоа дека во убиените се нашле полицаец и работник од судот.

„Судирот настана откако полицајците сакаа да го запрат возилото на контролниот пункт пред судската зграда. Терористите во тој момент ја активираа бомбата, додека се обидуваа да помегнат“, изјави локалниот гувернер, Ерол Алијдиз.

Алијдиз исто така потврди дека напаѓачите биле вооружани со автоматски пушки и бомби, а двајца од нив се убиени, не спомнувајќи за третото лице кое е во бегство. Тој потврди дека полицијата спречила сериозен напад врз судската зграда.

Ова е последниот во низа терористички напад во Турција, кој досега беа предизвикани од припадници на Исламската држава или од курдски екстремисти.

Потсетуваме дека на новогодишната ноќ во Истанбул во териристички напад кој се случи во дискотека, животот го загубија 39 лица.

Izmir adliyesinde patlama

Posted by Turgay Akkaya on Thursday, January 5, 2017

поврзани објави

Последни објави