23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Брутално убивство на студентка ги уплаши сите на нејзиниот универзитет

Во Мексико, студентка од универзитетот во Гуанахуато стана жртва на манијак, со кој се запознала на социјалната мрежа „Тиндер“. Мажот ја убил девојката, а потоа го распарчил нејзиното тело и го сокрил во пакети на балконот на својата куќа, пишува британскиот „Деили Меил“.

Тој се обидел да се ослободи од телото на жртвата, откако го поставил во метални кутии и ставил солна киселина, велат инспекторите. Младите луѓе се сретнале само неколку пати во текот на неколку месеци, а потоа Франсиа исчезнала.

Се претпоставува дека причината за бруталното убивство е нејзиното одбивање на предлогот на Боканегра за секс. За исчезнувањето на девојчето пријавиле нејзините блиски и колеги кои им помогнале на истражителите да го фатат убиецот.

Претходно, учениците од универзитетот во Гуанхуато внимателно ја проучиле врската на Франсиа на фејсбук и другите социјални мрежи. Тие заклучиле, дека Франсиа воопшто не ги запознала со своето тајно момче, пишува „Лајф.ру“

поврзани објави

Последни објави