Учествував на конференцијата Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација – настан организиран од Институтот за комуникациски студии, кој беше одлична можност за размена на искуства и најдобри практики за градење институции кои се отчетни, блиски до граѓаните и отворени за нови идеи.
Транспарентноста не е само обврска, туку и основа за воспоставување доверба и партнерски однос меѓу граѓаните и локалната самоуправа. Нашата општина активно работи на воведување на нови дигитални алатки за информирање на јавноста, редовна комуникација и вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки.
На конференцијата свои воведни обраќања имаа претседателот на Влада, Христијан Мицкоски, директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска и Даниел Филер, вршител на должност во Британската амбасада во Скопје. Во своите излагања, тие ја нагласија клучната улога на транспарентноста и политичката комуникација во градењето доверба и одговорност кај сите јавни институции.