-1.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

Перински: Борбата против корупцијата е услов број еден за да се врати довербата на граѓаните во институциите!

Борбата против корупцијата е услов број еден за да се врати довербата на граѓаните во институциите на сите нивоа. Тоа е најважно, особено на локално ниво, со оглед на тоа дека локалните власти имаат големи одговорности, а тоа значи и големи ризици за корупција или судир на интереси, истакнав на денешното одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата од Проектот на УСАИД за партнерство против корупција и Проектот на Швајцарија „Заедници со интегритет“.

💯Транспарентно и отчетно работење, механизми за директно учество на граѓаните во донесувањето на одлуките и дигитализација на локалните услуги се клучни елементи кои ќе придонесат за изградба на систем отпорен на корпуција.

Со поддршка на Проектот СРМА на УСАИД, подготвивме Кодекс за транспарентност на локално ниво кој што ќе им помогне на општините на воедначен начин да ги објавуваат сите важни информации за своето работење и за услугите што ги обезбедуваат, а со Министерството за дигитална трансформација и со поддршка на УНДП веќе дигитализиравме 23 општини, а до крајот на 2026 година ќе бидат вклучени сите општини.

Не е доволно само добра законска рамка, потребна е имплементација. Граѓаните да се убедат дека системот навистина функционира. Администрацијата и носителите на јавни функции им служиме на граѓаните, за тоа сме платени со парите од граѓаните.

поврзани објави

Последни објави