Во тек е реконструкција на оштетените делови од кровната површина на Домот на култура во Македонска Каменица, проект кој е во напредна фаза и претставува значајна инвестиција за зачувување на објектот. Со ова, се обезбедуваат подобри услови за организирање на културни манифестации, настани и активности кои се од важност за сите наши граѓани.
Дополнително, паралелно со овие активности, во просториите на библиотеката “Крсте Петков Мисирков” и салата за состаноци која истовремено се користи за одржување на седниците на Советот на општината, ликовни секции и работилници за млади, за одржување на настани и форуми поврзани со работата на НВО секторот, поставени се нови клима уреди. Интервенција која значително ја подобрува енергетската ефикасност и ја намалува потрошувачката на енергија, обезбедувајќи пријатна и функционална средина за корисниците на објектот.
Општина Македонска Каменица, во рамки на своите можности, продолжува во напорите за вложување во модернизација и заштита на јавните простори, осигурувајќи нивно долгорочно користење.