Во изминатите шест месеци, Владата активно работи на надминување на затекнатата девастирана економија. Наследивме индустрија во опаѓање, неисплатени плати и јавни претпријатија во банкрот.
За пет месеци успеавме да ја стабилизираме економијата и да го зголемиме БДП. Според Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година БДП порасна за 3%, една од највисоките стапки на раст во ЕУ и регионот. Просечниот раст за првите три квартали е 2,6%, надминувајќи ги прогнозите на Светската банка од 1,8%. Очекуваме годишен раст од 3%.
Раст беше забележан во трговија, транспорт, угостителство, стручни и административни услуги. Финалната потрошувачка на домаќинствата порасна за 3,9%, а извозот за 2%.
Дополнително, странските инвестиции достигнуваат рекордно ниво од над 1 милијарда евра до крајот на годината.
Овие резултати се само почеток. Продолжуваме да работиме посветено за стабилна и успешна економија, која ќе биде водечка во регионот и Европа