Васко Ковачевски и Васко Стефанов не уапсени во мега акцијата на МВР бидејќи не се во државава.
Според информациите со кои располага Радио Лидер, Васко Стефанов се наоѓа во соседна земја, додека Васко Ковачевски е во Австрија која е земја членка на Европската унија.
Доколку нашите информации се покажат за вистинити, Васко Ковачевски за брз период би можел да биде екстрадиран назад во Македонија.
При претресите на истражните тимови во резиденциите на осомничените, откриени се значителни суми пари. Засега се очекуваат повеќе информации од МВР во текот на денот.
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Васко Ковачевски е пребеган.
Уште од рано утринава се врши полициска акција со претреси во од изутрината и во координација со двајца обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.