1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

НЕМА ВЕЌЕ ФАНТОМ ФИРМИ КОИ ЦРПАТ ОД БУЏЕТОТ Мицкоски вели дека за првпат во државната каса има суфицит

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Отвореното студио на тема Буџет 2025 на МТВ посочи дека веќе нема фантом фирми кои црпат пари од државната каса со фиктивни фактури за поврат на ДДВ, како и дека поради тоа во октомври за првпат во Буџетот има суфицит со што се исплатени повисоки пензии, повисоки плати во образованието и во здравството.

– Ние може после подолго време имавме суфицит во Буџетот и тоа беше во октомври отприлика милијарда и 125 милиони денари. И тоа претставуваше еден добар успех за Владата и тоа помогна во санирање на некои состојби прилично. Зборам од аспект на ликвидноста. Во делот на борбата со сивата економија, можам да кажам дека растот на приходите коишто доаѓаат изворно од работењето и на УЈП и на Царината се мери најчесто во двоцифрен број проценти, 12, 15 дури и повеќе од 20 проценти. Тоа значи дека нема веќе фантом фирми кои што побаруваат поврат на ДДВ – рече Мицкоски и додаде:

– Шести месец откако сме Влада многу од фантом фирмите кои што често пати пота биле банкротирани, препродавани на луѓе кои што не постојат надвор од земјата предизвикувале таква дупка во Буџетот што на моменти се доведувала и ликвидноста под знак прашалник. Е сега тоа веќе го нема. Принципот „како до сега го нема“ и од тие причини се појави овој суфицит кој за нас многу значи, а замислете во исто време имаме зголемени пензии, во ноември веќе од аспект на ликвидноста и зголемени плати во секторот на образование, на здравството и слично.

поврзани објави

Последни објави