2.8 C
Skopje
Sunday, December 15, 2024

Полициска акција во Судски совет по наредба на обвинителство

Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело.

Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, велат од МВР.

Премиерот Христијан Мицкоски, на 28 ноември од собраниската говорница, одговарајќи на прашања од пратеници, изјави дека постојано добива информации за состојбите во Судскиот совет.

– Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи, посочи Мицкоски.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на 2 декември поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот. Советот останува без претседател, бидејќи изборот за нов беше одложен.

Во своето образложение за оставката, Дамева ја наведе „неспособноста на извршната и законодавната власт да обезбедат брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од високи функционери од власта“.

поврзани објави

Последни објави