5.8 C
Skopje
Sunday, December 15, 2024

Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи

Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи

Премиерот Христијан Мицкоки, во коментар на акцијата на МВР „Адитив“ поврзана со работењето на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ најави дека борбата со криминалот ќе продолжи и најави десетици такви случаи во следниот период.

– Да, ќе продолжи. Ние рековме внимателно, рековме нема да правиме естрада од сето тоа, ќе продолжи. Се држиме до тоа што сме го кажале. Кога ќе се обезбедат докази и основано сомневање за сторен криминал МВР заедно со срамежливото обвинителство влегуваат во акција. Таа акција беше спроведена пред неколку дена, 23 лица се осомничени и два правни субјекта. Во периодот што следи десетици случаи се работат. На македонските граѓани ќе им стане многу јасно што се случувало изминативе години, рече Мицкоски на новинарско прашање, по присуството на поставување камен темелник на фабрика во ТИРЗ Кичево.

Нема да се случува, вели Мицкоски, како што беше во минатото на полноќ или наутро да влегуваат специјални единици вооружени до заби во домовите на лицата коишто се осомничени и сето тоа камера да го снима и слично и да правиме естрада. – Нема да биде тоа, ќе биде вака преку соопштенија, а потоа преку еден фер и транспарентен судски процес очекувам секој да ја докажува својата вина или невиност во целиот случај. Во периодот што следи мислам дека од информациите со коишто располагам ќе има десетици вакви случаи, рече Мицкоски.

Основниот кривичен суд Скопје завчера одреди притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и на уште седум лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во акцијата „Адитив“.

– Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост против 23 лица кои утрово беа спроведени во Судот, а поврзани со акцијата од обвинителството означена како „Адитив“, донесоа решенија со кои по произнесување на Јавниот обвинител и приведените осомничени лица, во присуство на нивни бранители, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлозите за определување мерки, за осомничените В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М. го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165. ст.1, т.1., 2. И 3. од ЗКП, односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото, за осомничениот М.С., имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор, соопшти Кривичниот суд.

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити капиталот за кој постои основано сомнение дека е криминално стекнат.

Фокусирани сме за развој на државата и инвестиции, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен темелник за изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево.

Според премиерот, стратегијата на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција, како што рече, откако стига од секаде од светот потврда за нивното криминално однесување е да се обидат да ја дефокусираат јавноста и да свртат тема која генерално ќе има цел да го поларизира населението, по можност и етнички.

– Тоа нема да го дозволиме како Влада. Стигаат потврдите за криминалното однесување на оваа политичка структура и гарнитура изминатите 20-тина години. Многу случаи се работат поврзани со високи поранешни функционери на ДУИ и јавноста многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив на актуелното раководство на ДУИ дека најмалку се грижат за тоа што требало да се грижат, повеќе се грижат да го заштитат капиталот за кој постои основано сомнение дека е криминално стекнат, нагласи Мицкоски.

Во однос на барањето на ДУИ за предвремени Парламетарни избори, тој посочи дека за девет месеци ќе почне кампања за локални избори на која граѓаните ќе можат да го кажат својот збор.

-Доколку оваа Влада ја поразат на тие избори, логично е да има предвремени Парламентарни избори после тоа. Да не ни се случува како во 2021 година. Но, доколку оваа Влада ги порази сегашните опозициски политички партии на локалните избори тогаш очекуваме конечно да се посветат на самите себе. Да се реструктуираат кадровски и програмски да се освежат и да може на следните редовни парламентарни избори да излезат со нова програма и нови кадровски решенија, порача Мицкоски од Кичево

поврзани објави

Последни објави