ЕВЕ КОЈ ГРАД станува седми со ЛИДЛ маркет во Македонија
Градоначалникот на Велес, Марко Колев, објави дека светски познатиот синџир маркети ЛИДЛ ќе отвори маркет и во Велес, со што овој град станува седмиот во Македонија каде што е најавена инвестиција на овој бренд.
Изминатава година напорно работевме за завршување на сите потребни административни процедури, кои денес завршија со усвојување на седницата на Советот на Општина Велес. Ова ќе овозможи ЛИДЛ да ја реализира својата инвестиција кај нас. Овој проект ќе донесе нови вработувања и ќе придонесе за зајакнување на локалната економија. Продолжуваме посветено!“, соопшти градоначалникот Колев на својот профил на Фејсбук.
Покрај Велес, ЛИДЛ досега официјално купи парцели во Кавадарци, Битола, Штип, Гази Баба (Скопје), Тетово и Кичево. Оваа инвестиција ќе ја зголеми достапноста на светскиот синџир маркети за граѓаните низ целата земја.