Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи. според првичните неофицијални информации веќе има и уапсени.
Според првичните и неофицијални информации претреси се вршат во скопско Арачиново и во Чаир, а акцијата е проширена и во други градови низ Македонија.
Неофицијално, веќе има и уапсени, но нивниот број и идентитет засега не се откриваат.
Според неофицијалните извори, акцијата е насочена кон разбивање на криминални групи кои се поврзани со насилни инциденти во регионот.
Од МВР засега нема официјално соопштение, а повеќе информации за акцијата се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Претходно денеска, во полициска акција во Струга и во Гостивар уапсени се четворица за кои постои основано сомнение дека планирале терористички напади во Македонија, но и во други држави. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција (ОЈО ГОКК) ја потврдија акцијата на полицијата, а детали најавија за утре.