18.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Со Фрчкоски и ваков ПР – СДСМ нема спас!

Погледнете, каков апсурд. Со ликови како Љубомир Фрчкоски — човек за кого ако направите анкета, едвај ќе најдете некој што ќе каже нешто позитивно (освен можеби двајца-тројца на „Бихаќка“) — СДСМ сериозно си мисли дека ќе се враќа на власт? Наместо да направат вистинска анализа и да признаат дека народот им прати јасна порака, тие и понатаму се бранат со флоскули за „внатрепартиски лоби групи“ што наводно сакале да го менуваат Венко и раководството.

Се прашувам, кога конечно ќе сфатат дека проблемот не се „лоби групите“, туку политиката што ја водат? Се додека на „Бихаќка“ мислат дека ваквата политика им е „добра“, СДСМ ќе паѓа, ќе паѓа и само ќе ПАЃА!

Замислете партија што испраќа соопштение против Орце Ѓорѓиевски — новиот градоначалник на Скопје — затоа што, замислете, чистел улици и си правел ПР, а во истата акција учествувал и нивниот градоначалник од Центар, Горан Герасимовски! Со други зборови, СДСМ испраќа соопштение против своите. Тоа не е ПР — тоа е политичко самоубиство во живо.

И да бидеме искрени — кој им го води тој ПР? Ако е некој што се плаќа, време е да го вратат секој денар! Студент на прва година маркетинг би направил подобра стратегија од оваа каша што ја сервираат. Освен, ако целта не е свесно да се дистанцираат и од Герасимовски — единствениот кој извојува чиста и чесна победа, за која доби честитки дури и од политички противници.

А денес? Денес гледаме како Фрчкоски и Пендаровски си праќаат меѓусебни пораки по медиуми. Двајца поранешни „мили партиски ликови“ сега си мерат кој колку бил виновен. До таму дојде СДСМ — партија што повеќе не знае дали се бори против ВМРО или работи сама против себе.

И да, тоа ќе продолжува… сè додека некој таму не сфати дека вака НЕ ЈА БИВА РАБОТАТА.

СДСМ може да се врати само ако се врати кај народот. Но со Фрчкоски, ПР гафови и самообендисани ликови како овој човек, ќе остане таму каде што е сега: во политичка дупка без излез.

поврзани објави

Последни објави