2.8 C
Skopje
Monday, December 16, 2024

ПЛУСИНФО: ЧОВЕК НА ДУИ ЈА ИСКОДОШИЛ АКЦИЈАТА НА МВР Била планирана за вторник, ама поранешен функционер им „ѕвонел” на криминалците

Човек на ДУИ, поранешен функционер на повеќе државни функции, ја пробил акцијата на МВР, којашто почна во неделата и сè уште трае, пишува ПЛУСИНФО.

Станува збор за акција на полицијата за разбивање насилни криминални групи во Скопје и во други градови во земјата.

Поранешниот функционер на ДУИ лиферувал критични информации за акцијата планирана за во вторник, па поради тоа таа морала да почне во неделата во вечерните часови.

И покрај тоа, во акцијата, во која се таргетирани криминални групи главно од Арачиново, Дуќанџик и од Грчец, веќе има уапсени, а дел од нив признале тешки кривични дела, меѓу кои и убиства.

Според сознанија на Плусинфо, поранешниот функционер од ДУИ, кој пренел информации во криминалните кругови, исто така ќе биде опфатен со акцијата на МВР.

ИЗВОР: ПЛУСИНФО

поврзани објави

Последни објави