Можеме само да оставиме работите да течат и да видиме како ќе работи оваа Влада. Тоа нема да се случи. Ние најавивме робусна акција против криминалот и криминалците. На граѓаните им треба мир, на бизнисот му треба мир, а целта на Владата е да ги врати луѓето кои отидоа надвор да ги вратиме дома, ако успееме.
– Предупредувавме и говоревме за многу инстант компании, кои се формирале и наеднаш станале милионски бизниси во делот на увоз на јаглен. Уште стојам на кажаното, исто како што стојам за се што кажувам и денес. Ние направивме акција и 23 лица, минус еден, Ковачевски, кој не е достапен на органите на прогонот, се во ефективен притвор, а дел се обезбедени на друг начин. Тоа е широка акција каде што постои сериозно сомневањње за голем криминал. Ќе видиме дали ќе се прошири истрагата и обвиненијата и на други лица. Внимателно пристапуваме кон секој процес, нема да приведуваме луѓе пред очите на децата. Многу внимателно завршуваат сите процеси, не сакаме да влијаеме врз пресумпцијата на невиност, колку и да постојат сериозни сомневања за криминал. Никој нема да биде поштеден. Разбирам ако се гледа со скепса на ова, но еве дозволете процесот да се доразвива, па ќе видиме, рече премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ21.
Поради криминалот, имам чувство дека како држава не можевме да ги рашириме нашите крилја и да се развиваме токму поради таа пандемиска состојба на криминалот во општеството. Суштината е економски да се развиеме, за да можеме да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани.