-0.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

ЖЕНАВА ЗНАЕ КАКО ДА ПРАВИ ПАРИ: Јелена Карлеуша со нов бизнис потег – парфем кој ќе ги освои сите

Балканската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша уште еднаш покажа дека освен на сцената, умее да блеска и во светот на бизнисот. Во еден од најпознатите белградски трговски центри, Карлеуша го промовираше својот нов унисекс парфем со симболично име „ЈА ЈК“, кој ги носи нејзините иницијали.

Со својот карактеристичен стил и елеганција, Јелена на настанот се појави заедно со своите ќерки Ника и Атина, кои беа нејзина поддршка.

Парфемот „ЈА ЈК“ ќе биде достапен по цена од околу 50 евра, додека спрејот за коса и тело, како дел од истата козметичка линија, ќе се продава за приближно 800 денари.

Покрај музиката, Карлеуша сè почесто се насочува кон развој на сопствени брендови, при што овој нов производ е наменет за сите кои сакаат мирис што е и модерен и безвременски.

поврзани објави

Последни објави