5.8 C
Skopje
Friday, January 10, 2025

АРТАН, НЕ ГИ СРАМОТИ АЛБАНЦИТЕ, ТИЕ НЕ БЕГААТ КОГА СЕ ВО ПРАВО Дојди, и соочи се, не ги користи Албанците како штит за твоите криминали

Веќе разбиениот Европски фронт на чело со нон грата партијата ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, нема кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците. Тие се разобличени и изложени пред очите на албанскиот народ, соопшти коалицијата Вреди.

„Сенката на Али Ахмети, Артан Груби, оваа лоша копија на Груевски, кој зборуваше со полна уста за ОНА, на првиот судир со правдата – побегна. Дојди и соочи се, Артан! Албанците не се научени да бегаат. Албанците, кога се во право, се соочуваат со крената глава и не се плашат. Не ги посрамотувај Албанците, не ги користи како штит за твоите криминални дела!“, соопшти Вреди.

Коалицијата Вреди, се додава во соопштението, одамна предупредува дека ДУИ е партија заробена од криминални структури, предводени од Артан Груби.

ДУИ не може да повикува на заштита на знамето, јазикот и на Албанците, бидејќи сега е партија без кредибилитет и без сила да ги заштити Албанците. Не можеш секој ден да зборуваш за заштита на правата на Албанците, а во моментот кога ќе бидеш повикан да понесуваш одговорност – да побегнеш“, се вели во соопштението.

Артан Груби, Прпарим Бајрами и нивната клика, се додава, се вистинското лице на криминалот и корупцијата.

„Правната држава се консолидира и никој нема да избега од правдата. Ќе се открие целосната вистина за злоупотребите во Државната лотарија. Тие што украле и го прекршиле законот ќе одговараат. Коалицијата Вреди е цврсто решена да донесе транспарентност, одговорност и да ги заштити интересите на граѓаните. Ние нема да застанеме пред политиките на манипулација и страв, бидејќи иднината на Албанците не смее да остане заложник на криминалот и корупцијата. Никој не е над законот“, порача владејачката коалиција.

поврзани објави

Последни објави