4.8 C
Skopje
Thursday, January 9, 2025

Орлите повеќе не се во лет: Ќе му бидат ли скратени крилјата на Груби?

Еден од најгласните соработници на Али Ахмети на македонската политичка сцена, Артан Груби, денеска е исправен пред сериозни прашања кои ја загрижуваат јавноста. Откако беше ставен на „Црната листа“ на САД, а истовремено поднесено обвинение против него за наводни злоупотреби во Државната лотарија, ситуацијата станува сè покомплексна.

Во својот последен јавен статус, Груби изјави дека неговото патување во странство било „приватна посета“ и дека за тоа било информирано неговото полициско обезбедување. Но, јавноста, која со години слушаше за неговите „транспарентни“ политики и „западни принципи“, со право поставува низа прашања.

Зошто Артан Груби не се врати во Македонија да ги одбрани своите тврдења за чесност и транспарентност? Ако, како што самиот вели, е „чист како солза“, зошто не се соочи со институциите и не ја докаже својата невиност? Дали молкот што го демонстрира е показател на страв или стратегија за избегнување на соочување со правдата?

Јавноста, особено во време кога довербата во институциите е на историски најниско ниво, бара јасност и одговорност од политичари кои себеси се декларираат како чувари на западните вредности. Груби е еден од тие кои често веројатно ја злоупотребувал својата функција со цел да прокламира негување на вредности кои можеби самиот не ги поседува?

Претходните политички ставови и декларации на Груби ја прават оваа ситуација уште поиронична. Човек кој не ја симнуваше од уста заложбата за „западните вредности“, сега е под лупата на институции поради криминал.

Во време на големи политички турбуленции, граѓаните заслужуваат одговори. Молкот не може да биде одговор на дилемите кои ги засегаат сите. Ќе се соочи ли Артан Груби со правдата или ќе продолжи да молчи, додека прашањата за неговата одговорност остануваат отворени? Едно е сигурно: правдата не прашува за титули или прокламации – таа ја бара вистината.

поврзани објави

Последни објави