После дваесет години владеење со доминантна позиција на македонската политичка сцена, Демократската унија за интеграција (ДУИ) сега е соочена со пад кој многумина не го предвидуваа. Во минатото, ДУИ се наметна како клучен играч во државната политика, претставувајќи се како неприкосновен партнер без кој не се можеше да се реализира било која важна одлука. Груби, како најблизок соработник на Ахмети, ја имаше улогата на „првиот човек“ во владата, додека Ахмети продолжи да ги држи конците во позадина, како водач со неограничена моќ.
Но сега, ДУИ се наоѓа во тотален пад. Позицијата што Ахмети и Груби ја имале до пред неколку години, сега е само бледо сеќавање. Ахмети, по двете децении на владеење, се наоѓа на црната листа на САД, со обвиненија за тежок криминал. Во меѓувреме, молкот од неговата страна ја зголемува мистеријата околу неговата судбина – дали е во бегство или пак, целосно се повлекува?
Токму со доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, она што долго време беше невозможно се оствари – ДУИ заминува во опозиција. Мицкоски успеа да ја исполнува својата ветена борба, која по долгогодишна политичка неизвесност, доведе до ослабување на влијанието на ДУИ. Ова не е само политички удар за ДУИ, туку и директна порака кон Ахмети и неговите соработници: времето на нивната доминација заврши.
Сега, со оглед на обвиненијата против Артан Груби, кој беше на прва линија на власт за време на најголемото влијание на ДУИ, сликата е јасна – токму лидерот кој беше најблизок со Ахмети сега се наоѓа под сомнеж за тежок криминал. Токму со ова, Мицкоски ја потврдува својата политичка победа, која од ден на ден станува се поочигледна – тој е лидерот кој ги исполни ветувањата и ја доведе ДУИ на колена.
Политичкиот пејзаж на Македонија сега е радикално променет, а за ДУИ, која долго време беше перципирана како единствениот легитимен фактор во земјата, реалноста е болна. Ветувањата за политички реформи и борба против корупцијата што ги даде Мицкоски сега добиваат потврда на терен – ДУИ заминува во опозиција, а нивниот пад е резултат на обвинувањата за криминал што ја тресат партијата од внатре.
Оваа лична победа на Мицкоски е и потврда дека одговорноста и транспарентноста стануваат главни принципи на новата политичка реалност во Македонија.