“Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата” – вработени во Улици и патишта
Вработените во „Улици и патишта“ утринава протестираа пред канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, заканувајќи се со гасење на семафорите низ цело Скопје и целосна блокада на главниот град , пренесува Сител.
„Доколку не земеме плата, ние си продолжуваме. Од понеделник со возила ќе излеземе на улица и семаформите ќе ги исклучиме да не работи целиот град“ – Нусрет Пашалиќ, вработен во Јавното претпријатие „Улици и патишта“
Според синдикатите, доцнењето со платата не е единствениот проблем. Тврдат дека сметката на претпријатието е блокирана поради долгови, нема ризла и нафта за работа, дел од машините се расипани оти не се сервисирани, а имаат и проблеми со регистрацијата.
„Побарано е од раководството на јавното претпријатие, синдикални пари што има членство тие скромни пари, да им ги дадеме да ги регистрираат возилата. Луѓе, ова е жално, смешно, трагично не знам како да кажам“ – Марјан Ристески, КСОМ








