-0.2 C
Skopje
Friday, January 17, 2025

Вработени на бензинска пумпа го виделе Артан Груби како користи тоалет – новинарска екипа во Албанија, еве што кажале

Неизвесноста продолжува околу прашањето каде се наоѓа Артан Груби. Дали е во Косово, Албанија или на сосема друга локација?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за локацијата на Артан Груби одговори дека не сака да шпекулира.

Исто така и вицепремиерот Изет Меџити рече дека локацијата на Груби може да е Албанија или Косово.

Doppelherz Витал Тоник
За целокупно витално здравје! Уникатна комбинација на полифеноли,
ресвератрол и биофлавоноиди, збогатени со Б витамини, магнезиум и
железо. Примена – кардиоваскуларен систем, нервен систем, јакнење на
имунитетот, стрес, хроничен замор, несоница, анемија, намалување на
холестеролот, снижување на високиот крвен притисок, зголемува
еластичност на крвните садови.

Екипата на ТВ21 била во Тирана, а по пат застанале на две бензински пумпи каде што ги прашале вработените на бензиските кои им рекле дека го виделе како користи тоалет.

Од друга страна, ТВ21 во неформален разговор со институции во Тирана, дознава неофицијално дека не е регистриран формален влез на Груби во Албанија.

Од неколкуте институции со кои разговарале во Тирана, на ТВ21 им рекле дека не е добро да се шпекулира за присуство на Груби во Албанија особено со оглед на ризикот да се нарушат односите меѓу премиерот Еди Рама и коалицијата ВЛЕН.

Извор: ТВ21

Фото: илустрација принтскрин инстаграм артангруби

поврзани објави

Последни објави