0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

ОВОЈ ЧОВЕК ДРЖИ ЛЕКЦИИ КАКО СЕ РАБОТИ ЗА СВОЈОТ НАРОД: Јанчев најавува – од нова година во срцето на Кожуф нов скијачки центар во Македонија

Новата година започнува со голем нов проект на градоначалникот Митко Јанчев во срцето на планината „Кожуф“. Скијачкиот центар во близина на Кавадрци ќе биде под името „Михајлово“, а првата патека која ќе го носи името Македонија. Магијата на зимата ќе биде во полн ек.

Снегот ѝ излезе во пресрет на скијачката сезона.

Подготовки за снег во Михајлово

Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и сè уште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула, Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.

Карактеристики и најави за ски-центарот
Минатиот месец, градоначалникот Митко Јанчев објави: „Овој скијачки центар ќе располага со ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, мобилна пумпа, црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар, филтри 4 броја, хидрант 4 броја, снежни топови 2 броја и заштитна мрежа 20 броја.“

поврзани објави

Последни објави