0.8 C
Skopje
Saturday, January 4, 2025

Делата зборуваат: Еве што направи градоначалникот на Каменица за СОУ “Миле Јаневски Џингар”

Денеска остварив работна посета на Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“, каде во разговор со директорката Данче Донева Гоцевска бев запознаен со бројните реализирани проекти кои значително го подобрија квалитетот на условите за работа и учење.

Комплетно се реконструирани тоалетите во училиштето, со целосна замена на водоводната и канализационата мрежа, поставување нови санитарни плочки, санитарни елементи, врати, како и реконструкција на ѕидовите и плафонот.
Набавени се 25 лаптопи за наставниците и стручните соработници, опрема за греење и ладење, вклучувајќи 16 инвертер клима уреди, како и училишен мебел – шкафчиња во училниците и канцелариите.

Во периодот 2023-2024 набавени се 7 интерактивни панели, заменети се и дотраените прозорци на дел од првиот кат, реконструиран е влезот на училиштето и поставен е нов под во две училници.
Исто така, во 2024 година, набавени се 21 персонален компјутер за потребите на кабинетот по информатика и канцелариите, како и нови училишни маси, конференциски и канцелариски столици.

Отворен е нова медијатека – училишен простор опремен со интерактивен панел, компјутери, рафтови за книги, конференциска маса со нови столици и биро и богат книжевен фонд кој вклучува литература, енциклопедии, прирачници и речници. Дополнително, поставени се нови вариолајт завеси со вкупна површина од 160 m² во училниците и канцелариите.

Општината ќе продолжи со вложувањата за подобрување на инфраструктурата и условите во училиштето, со цел создавање современа и стимулативна средина за учениците и наставниците. Нашата заедничка заложба е да обезбедиме високо квалитетно образование за сите наши млади сограѓани!

поврзани објави

Последни објави