Во експлозија која ја предизвикала неидентификувана направа полнета со шајки во Санкт Петербург, Русија, загинаа десет луѓе, додека 50-тина се повредени.
Несреќата се случила помеѓу две метро станици во центарот на градот и тоа токму на денот кога во посета на градот се наоѓа претседателот на државата Владимир Путин.
Безбедносните служби во Русија пронашле и деактивирале уште една експлозивна направа исто така во метро станица во овој град. Меѓу мртвите има и деца.
Премиерот на државата Димитриј Медведев истакна дека станува збор за терористички напад.